Ако редовно пиете црно кафе, не го фрлајте талогот. Кога ќе го запалите, комарците ќе избегаат од вашиот дом. Исто така, може да користите и малсо од лаванда или рузмарин бидејќи и тоа помага.
Постојат масла чијшто мирис не им се допаѓа на комарците, а такви се маслата од еукалиптус, лимон, цитрон, лаванда, рузмарин, кедар, папрака, каранфилче, цимет и ломонска трева.
Запомнете, етеричните масла никогаш не ги нанесувате директно на кожата, туку ставете мала количина на некоја подлога на местото каде што престојувате. Или пак можете да ставите неколку капки во дифузер, а миризбата ќе го исполни просторот и ќе ги истера комарците.
Ако сакате да ја заштитите кожата, користете разредено етерично масло. На пример, може да ставите неколку капки во маслиново масло, добро да го промешате и да нанесете на кожата.
Секако, бидете претпазливи и консултирајте се со експерт пред да нанесете било што на вашата кожа бидејќи можно е да сте алергични.
Ќе ви помогне и талог од црно кафе. Се што треба да направите е да го исушите талогот, да го ставите во мала метална чинија или парче алуминиумска фолија и надвор да ја запалите.
Мирисот ќе ги растера и оддалечи комарците од вашиот дом. Овој начин на истерување на комарци е препорачан од страна на Агенцијата за заштита на животната средина на САД како одлична алтернатива за скапите препарати.
Погледнете како да го направите тоа: