Сè започнало откако неговата девојка го заборавила тестерот во неговиот стан.
Од досада или љубопитност, момчето одлучило да го испроба тестерот за бременост.
За жал, доживеал вистински хорор. Кога стапчето покажало две црти, односно позитивен резултат, одлучил да се пофали на социјалните мрежи.
Еден од неговите пријатели му напишал:
“Доколку тестот за бременост е позитивен, тоа може да значи и дека имаш рак на тестиси.“
Откако момчето отишло на лекар, се испоставило дека навистина има рак.