Како што пренесуваат шпанските медиуми Барселона нема да може да го игра финалето на Копа дел Реј на „Сантијаго Бернабеу“ против Депортиво Алавеш.
Имено, тоа било барање на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој истакна дека стадионот нема да биде во функција поради тоа што ќе се одржуваат работилници.
„Финалето од Купот нема да може да се игра на нашиот стадион поради тоа што во тоа време ќе се оддржуваат работилници. Нема други причини“, изјави Перез.
Во конкуренција за организирање на финалето влегоа стадионот на Атлетик Билбао и „Висенте Калдерон“.