14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дачиќ до Македонија: Како вие со нас, така ние со вас ќе се однесуваме!

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ денес присуствуваше на состанок на министрите за надворешни работи и енергетика на Западнобалканската шесторка која ја сочинуваат Албанија, Бих, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Откако претходно македонското министерство за надворешни работи побара од Србија да ја промени референцата БЈРМ на српските патарини, и наиде на остар одговор од министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој истакна дека и за Србија е навредливо кога Македонија решила да го признае Косово, денес Дачиќ во однос на прашањето дали знае каде бил денеска, одговори:

„Тоа зависи од нив. Каков став ќе имаат за најважното прашање за нас, таков став ќе имаме и за нивното прашање. Без лутење и расправии, само чиста сметка“, порача министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ преку српски Блиц.

Дачиќ, претходно, во изјава за српски медиуми кажа дека тие бараат обостран коректен однос и дека Македонија не треба да и се лути на Србија што ги штити своите интереси, и дека и за нив е навредливо кога Македонија вели „Република Косово“.

поврзани објави

Последни објави