Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 Степени“ што ќе се емитува вечерва (21.6.2019 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат.
Јас сум сигурен дека тоа станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Неспорно историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како бугарин, но дали не е историска вистина дека тој се борел за независна држава, за автономија на Македонија. Не постои ниту еден документ каде се вели дека се борел за голема Бугарија, вели Пендаровски.
Неспорно историска вистина е дека се изјаснувал како бугарин во тој историски контекст, додава тој и притоа вели: Дајте да не создаваме проблем таму каде што не треба да има, рече Пендаровски.