-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Борисов предупреди, Заев му одговори: Не потпишувавме договор со Бугарија за да се препукуваме

Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат. Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака. За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно-пишува Заев.

Претходно бугарскиот премиер рече:

Немојте да ме разберете погрешно, но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин или е Македонец – таа малопродажба на едни херои, кои реално се бореле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите песни се поврзани со нив… Додека тоа е темата, и додека опозицијата постајно ќе ме потпрашува што прави комисијата…Нека созреат.

Не можам тоа да го дозволам. Бугарија стори сè и тие се вивнаа кон небото. Сега тие moра да направат компромиси во комисијата и антибугарска реторика, рече Борисов одговарајќи на новинарско прашање.

поврзани објави

Последни објави