14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Владини претставници на Пакистан при пренос во живо на социјалните мрежи добија мачкини уши

Пакистанската владејачка партија обвини човечки фактор кога еден владин претставник беше прикажан со нацртани мачкини уши и мустаќи за време на прес-конференција пренесувана во живо на „Фејсбук“.

Пакистанската партија „Техреек е Инсаф“ (ПТИ) соопшти дека филтер-мачка по грешка бил вклучен од трудољубив волонтер во моментите кога Шукат Јусафзаи, покраински министер за информации, давал изјава за новинарите.

ПТИ соопшти дека филтерот бил отстранет по неколку минути додавајќи дека се преземени сите неопходни мерки за да се избегне сличен инцидент во иднина.

поврзани објави

Последни објави