14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бугарските медиуми за изјавата на претседателот Пендаровски: Тој призна дека Гоце Делчев е Бугарин

По изјавата на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин, но се борел за независна Македонија, бугарските медиуми го пренесоа неговиот став.

Под наслови: „Македонскиот претседател призна: Гоце Делчев е бугарин“, „Претседателот на Северна Македонија Пендаровски го призна Делчев за бугарин“, „Северномакедонскиот претседател: Делчев е бугарин кој се борел за независна Македонија“, бугарските медиуми ја објавија веста за интервјуто на претседателот на државата Пендаровски кој вели дека е неспорно историска вистина дека Гоце Делчев се изјаснувал за бугарин, но дека исто така е неспорна вистина дека истиот се борел за независна Македонија и нејзина автономија.

Бугарските медиуми исто така го пренесоа и одговорот на премиерот Заев кој вели дека не треба да зрееме само ние, туку и Македонија и Бугарија треба да зреат заедно.

поврзани објави

Последни објави