11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се огласи и лицето за кое Героски тврди дека му се заканувал на фејсбук – новинарот не му прости, го пријави во полиција

Новинарот Бранко Героски кој синоќа објави разговор, поточно порака упатена лично до него, на социјалната мрежа „Фејсбук“ за која како што вели е закана до него, денеска беше во седиштето на СДСМ, каде оствари средба со портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Костадинов во името на партијата се огради од лицето кое според Героски му упатило закани. Денес лицето Гиноски Борче кое му пишувало на Героски објаснува дека немал намера да се заканува и дека неговата порака до Героски била дека можел да биде нападнат не од него, туку од ВМРО-ДПМНЕ.

,,Се крена голема прашина за мојата порака упатена до новинарот Геровски, кого го почитувам. Сакам најпрво да се извинам и да соопштам дека не беше во таа насока кажано, ниту имав намера да се заканувам, јас сум човек што за време на режимот на Никола Груевски многу луѓе сум се обидувал да ги заштитам од насилство.

Геровски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они. Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Геровски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите.

Повикан сум во партијата на разговор, ова ќе го соопштам и таму, но сакам јавноста да ја знае вистината, стои во статусот на Гиноски.

Сепак, оваа порака не поколеба новинарот Героски да ја истера правдата до крај. Тој вели дека го пријавил случајот во полиција и покрај неговото извинување бидејќи истото според него е неискрено.

ЗАКАНУВАЧОТ ОД СДСМ ГО ПРИЈАВИВ ВО ПОЛИЦИЈА, СЛУЖБЕНО ЌЕ БИДЕ ИЗВЕСТЕН И ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Лицето Борче Гиноски од Скопје денеска попладне во порака на ФБ ме извести дека јавно ми се извинил за заканата што ми ја упати синоќа. Го прочитав на неговиот ѕид тоа “извинување” и сфатив дека е неискрено, затоа што заканата тој ја нарекува “недоразбирање”.
Од тие причини, случајот сепак го пријавив во Единицата за насилен криминал на СВР Скопје. Составен е записник и извршено е целосно документирање на случајот. Примерок од записникот ќе се најде на масата на јавниот обвинител, за натамошно постапување.
Во минатиот режим, неколку пати на сличен начин имам пријавувано закани, некогаш самиот, а некогаш заедно со други лица. Ниту една од тие пријави не заврши со гонење на заканувачите. Да видиме дали сега има разлика.

поврзани објави

Последни објави