-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Директорите од НДП поднесуваат оставки во клиниката Мајка Тереза

Новинската агенција Журнал ексклузивно дознава дека денеска сите директори во клиниката „Мајка Тереза“ од НДП на Весел Мемеди ќе поднесат оставка, бидејќи се очекува ова да биде одлука на нивна партија.

Тензиите меѓу НДП и премиерот Заев настанаа откако Заев го разреши Сухејл Фазлиу, кој беше нивен кадар, од министерската функција во министерството за локална.

Не е познато дали и како ќе продолжат односите на релација Заев – Мемеди, и дали ваквиот нарушен однос може подлабоко да направи проблеми за владината коалиција.

поврзани објави

Последни објави