6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски во придружба на полициски службеници донесен во унгарскиот суд: Екс премиерот не одговори на новинарските прашања

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, одби да одговори на новинарските прашања денеска во судот во Унгарија, каде беше на сослушување во врска со барањето на македонската Влада за негова екстрадиција.

Новинар го праша Груевски зошто молчи, а тој не одговори ниту на тоа, ниту пак на новинарско прашање како се финансира во Унгарија и дали прима средства од унгарскиот буџет. При излегувањето од судот македонски новинар го праша дали ќе се врати во Македонија, но тој продолжи да молчи.

Тој денеска беше донесен во судот со лисици на рацете и во придружба на неколку мажи во цивили, за кој подоцна се утврди дека се полициски службеници.

Груевски излезе од судот низ спореден влез, а надвор го чекаше блиндирано возило.

Инаку, унгарскиот суд го одби барањето за екстрадиција, со образложение дека на Груевски веќе му е даден азил.

Извор: hvg.hu

поврзани објави

Последни објави