7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Македонските конзервативци во Брисел: Совет на АКРЕ и гала вечера

Глобалната политичка фамилија АКРЕ, Алијансата на конзервативци и реформисти, на 26ти и 27ми јуни го одржа својот прв состанок пост европските избори како и гала вечера во тврдина од 12тиот век. На овие настани присуствуваа повеќе од 65 европратеници кои
се дел од АКРЕ, 30 абмасадори на држави во Брисел, повеќе од 150 претставници на членките на АКРЕ од сите континенти (САД, Австралија, Латинска Америка, Африка) како и голем број на тинк-тенк организации и фондации чија идеологија е конзерватизмот и
либерализмот.

На состанокот на АКРЕ се обрати и политичката ѕвезда од Чиле, Хозе Антонио Каст (https://twitter.com/joseantoniokast) член на партнерската организација на АКРЕ, ИДУ (Интернационалната Демократска Унија https://www.idu.org/). Групацијата на АКРЕ се проширува со уште 3 нови партии: ВОКС Шпанија, Форум за демократија Холандија и Шведските демократи, додека пак парламентарната групација на АКРЕ во европскиот
парламент (ЕКР), ќе добие повеќе од 5 нови членки.

Буџетот на АКРЕ е зголемен за 3 пати што значи дека во периодот што следи, ќе се инвестира повеќе во западниот Балкан и раст на суверенизмот и конзерватизмот како идеологија на овие простори.

Foto Conservative Online

На вечерата и состанокот се обрати и ултра десниот Тери Баудет од Холандија, лидер на партија која за само 2 години постоење, успеа да победи на изборите за Сенат во Холандија и да освои најмногу места. Исто така, се обратија и министерот за БРЕГЗИТ, државен секретар на Обединетото Кралство, претставници од иницијативата на АКРЕ Конзерватив Интернешнел – Conservatives International и други.

Од политичката организација Конзерватив МК, учесници беа Стефан Василевски и Александар Богоевски.

поврзани објави

Последни објави