-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Колев: Источниот регион е најпогоден од тенденцијата на иселување

„Верниот исток“ е најизмачениот дел од државата. Вечната жртва на погубните политики на троглавата ламја ДПМНЕ-СДСМ-ДУИ. На ова треба да се стави крај и јас сум решен да се спротивставам.

Ние имаме на база на информации со кои располагаме и тоа што го следиме како тенденција, особено во источниот регион односно „верниот исток“ е најпогоден од таа бела чума односно масовното иселување.

Гду Колев

Повеќе од факт е и тоа може да го констатира секој добронамерен човек, секоја сезона започне ли работата на сезонска работа, стотици автобуси заминуваат надвор од државата, рече Колев во интервју на ТВ СТАР и притоа додаде:

Се разбира дека не е логично ако нашите граѓани масовно се иселуваат, секоја година да имаме се помал број на првачиња. Ние како регион имаме проблем. Ајде да се свртиме околу нас и да видиме што државата, што локалните власти направија за младите да останат овде и да се развиваат тука.

Многу често граѓаните од источна Македонија се злоупотребувани и што имам конкретно во предвид: Погледнете ги предизборните кампања од 91 година, до ден денешен, на двете партии, ќе видите прекрасни замисли и идеи, но тоа само се случува пред изборите, а откако ќе дојдат на власт се заборава се и тие пари се префрлаат во западниот дел од државата.

Видеото од гостувањето на Колев можете да го погледнете ТУКА

поврзани објави

Последни објави