Соопштение за јавност од политичката партија СДСМ, по повод денешниот статус на социјалните мрежи на поранешниот Премиер на нашата држава и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски:
,,Осудениот криминалец Никола Груевски, очигледно незадоволен од учинокот на Христијан Мицкоски, се јави повторно, заедно се ставени во одбрана на криминалот. Правдата и одговорноста се нивните најголеми кошмари. Осудениот криминалец Никола Груевски го чека затворска казна и неговото столче во ќелија.
Сите оние што бранат криминал, како Христијан Мицкоски, мора да знаат дека никој нема да се спаси од одговорност. Правда ќе има.” Прочитај повеќе вести: Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на нафтените деривати.
Минатата недела, цената на Еуросупер БС-95 беше зголемена за половина денар, а цените на останатите горива останаа непроменети. Согласно новата методологија, Регулаторната комисија за енергетика секој понеделник ги објавува новите цени на горивата за разлика од порано кога секоја втора недела имаше промена на цената на горивата.