6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Херојски подвиг на битолчанец: Од запалениот автобус кај Дубровник евакуирал 50 патници

Битолчанецот Вангел Котевски е херој на денот. Од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги евакуира околу 50 други патници, македонци, кој патуваа со агенцијата на тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник. Благодарение на нивната брза реакција нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж. Никој од патниците и двајцата возачи не биле повредени во несреќата, велат од компанијата. Од превозната компанија велат дека сите патници за кратко го продолжиле патувањето бидејќи по 20-тина минути пристигнал друг автобус.

Објаснуваат дека огнот кој избил во во моторот на автобусот не бил закана за патниците. Најголем дел од нив во моментот спиеле. Во изјава за медиумите велат дека ситуацијата била непријатна но откако го слушнале алармот за пожар, за кратко време го напуштиле автобусот и се оддалечиле од него.

Дел од нив тврдат дека пред да избувне пожарот, на една од паузите, автобусот не можел да запали но двајцата возачи го отстраниле дефектот и продолжило патувањето. Инаку на почетокот од годинава, во автобус на гостиварската компанија Дурмо-турс животот го загубија 16 луѓе во несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово. Истрагата покажа дека возилото било технички неисправно.

поврзани објави

Последни објави