6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сите го правиме ова, а не треба: Еве зошто не треба да ги кршите таблетите на половина

Таблетите се обложени со причина, најчесто за да се спречи растворање на лекот во желудникот, и да се заштити слузокожата на желудникот од агресивните материи од лекот. Било да се работи за хронични пациенти кои секојдневно земаат терапија, или само повремено земаат по некој лек, могу луѓе користат половина таблета, за со тоа да ја преполоват дозата која ја земаат. Но, оваа пракса, фармацевтите никако не ја препорачуваат, тук советуваат таблетите никако да не се кршат. Таблетите се обложени со причина, најчесто за да се спречи растворање на лекот во желудникот, и да се заштити слузокожата на желудникот од агресивните материи од лекот. Затоа никако не се препорачува таблетите да се кршат .

На пример, ако кршите филмуван аспирин, се губи заштитното дејство на обвивката на лекот за слузокожата на желудникот. Со кршењето на некои лекови, не се дели правилно дозата, a кај некои повеќеслојно обложени лекови, со кршењето се менува комплетно дејството на лекот, со непредвидливи последици.

Фармацевтите советуваат дека некои лекови можат да се кршат, особено оние кои имаат втисната линија, иако постоењето на линијта не е сигурен знак дека таблетата треба да се дели на половина.

Најдобро е да се делат само оние лекови за кои е јасно најзначено во упатството за лекот, или ако таков совет добиете од лекарот или фармацефтот.

поврзани објави

Последни објави