Нема сомнеж дека кафето е добро за нашиот организам, но сепак не би требало да се пие на празен стомак, особено не наутро. Доколку испиете една шолја црно кафе на празен стомак тоа доведува до отпуштање на хидрохлоричната киселина внатре во нашиот дигестивен систем. Ако веќе боледувате од гастритис, тогаш тоа сигурно сте го почувствувале.
Киселината има улога на разбирање на храната во нашиот стомак. Кога ќе изедете нешто “тешко”, тоа може да предизвика проблеми со варењето, бидејќи ќе дојде до тешкотии при разложувањето на протеините. Кога протеините не се потполно разложени, тоа може да доведе и до други проблеми како што е воспаление на цревата, надуеност, иритација, па дури и рак на дебелото црево.
Од тие причини експертите предупредуваат дека кафето никогаш не би требало да се пие наутро веднаш откако ќе се разбудите. Причината е таа што тоа ќе го подигне нивото на кортизол многу брзо и на телото ќе му биде потребно многу време за да се врати во нормала. Овој хормон го контролира нашиот биолошки часовник и способноста да останеме будни.
Исто така, консумирањето на кафе на празен стомак ќе го подигне нивото на киселини во желудникот, што може да доведе до надуеност и повраќање. Па така, кафето треба да се пие час време после будењето. Тоа подразбира и дека нешто морате да изедете нешто пред тоа, па макар и едно парче леб. Доколку сте тип на личност која не може да го започне својот ден без шолја кафе, има уште еден трик кој можете да го искористите за да ги намалите штетните ефекти – додајте малку млеко или путер во кафето.