5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Се повеќе Македонци се жалат – цените во Грција се многу повисоки од лани, еве што да очекувате

Летово одморот во соседна Грција ќе не чини поскапо отколку минатата година. Грците драстично качија некои од цените, па така, кафето и пијалаците во просек чинат 1 евро повеќе отколку во 2017 година. Како што објави српски „Телеграф“, во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пиво чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра.

Слични се цените и на Халкидики. Во Сарти можете да уживате на лежалките на плажа бесплатно, но само доколку платите најмалку еден пијалак, главно кафе кое чини 4 евра или пак пиво чија цена се движи од 3 до 5 евра.

Во Неа Мармарас цените се малку повисоки. Таму за грчко фрапе треба да одвоите 3 евра, а за мало пиво дури 5 евра.

Никити е можеби и најевтино место на краците. Таму кафето не надминува 2,5 евра а со тоа добивате и бесплатно лежалка. Пивото пак достигнува максимална цена од 4 евра. Сендвичите и суфлакито чинат од 2,5 до 4 евра.

Шишенце вода од половина литар чини 50 центи, а она од еден литар од 1,5 до 1,7 евра.

Цените во рестораните, исто така, се поскапи за 1,5 евро и споредба со податоците од 2017 година, па така за оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра. Што се однесува до цените на уличната храна, тие не се разликуваат многу во цела Грција – 2,5 евра гиро, сувлаки 2,90 евра, тиропита 2,5 евра итн.

Во места каде што се плаќаат лежалки цената е обично 5 евра за лежалка (северна Грција и островите Додеканези), додека на Кикладите изнајмувањето лежалки за плажа е многу скапо, и се движи до 120 евра во Миконос.

поврзани објави

Последни објави