5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Цел интернет зборува за ова: Домашно за распустот кое стана вистински хит

Интернетот и социјалните мрежи ги освои креативноста на една учителка од Босна и Херцеговина. Иако учебната година е завршена, таа го искористила последниот училишен ден за да им даде на своите ученици домашна задача. Отако направила нешто што сите учениците го мразат, учетелката за само еден момент станала вистински хит. За време на летниот распуст и дала домашна задача! На сите тешко им паѓаат задачите за време на учебната година, а замислете како им било кога слушнале дека ќе имаат задачи и за летниот распуст. Но, оваа задача е поинаква од сите останати. Се состои од 23 мали задачи, кои се сѐ само обични не. Се погрижила нејзините ученици да го искористат летниот распуст што е можно подобро. Ова се задачите кои се најдоа на нејзината листа:

# Погледни барем едно изгревање на сонцето.

# Научи да играш некоја нова друштвена игра.

# Остани во контакт со неколку од своите пријатели од одделението.

# Немој да фрлаш отпад на земја.

# Направи си на себе барем едно ланче или нараквица.

# Една вечер легни си навистина доцна.

# Бањај се во базен.

# Посети некој град или село кое не го познаваш.

# Гледај ги облаците.

# Создади барем едно ново пријателство.

# Вози велосипед.

# Некое време оди бос/а на трева.

# Прочитај барем две книги и неколку стрипа.

# Напиши барем една приказна.

# Вежбај математика.

# Бои и украсувај камења.

# Научи да подготвиш барем едно јадење со некој возрасен.

# Секогаш кога ти е здодевно – читај.

# Посети некоја библиотка.

# Погледни барем еден филм со семејството.

# Прифати барем две обврски во домот.

# Кажи му на некој дека ти е драг/а.

# Смеј се додека стомакот и образите не те здоболат.

Ваквата иницијатива е навистина за пофалба, особено затоа што во последно време се повеќе се зборува за стресот кој се става пред учениците за време на школувањето, а поради кој многу од нив посетуваа психолог. Свидителството не е најважно, на прво место треба да бидат менталното здравје на учениците за да се развијат во здрави и среќни млади луѓе.

поврзани објави

Последни објави