-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев му даде одговор на Мицкоски: Зборуваш само глупости, но ако си виновен – ќе завршиш зад решетки

„Мислам дека никој не може да се надева дека глупостите до толку ќе се развиваат во нашата земја. Ако се бориме за правна држава, треба да оставиме правните процеси да течат. Сите заедно имаме обврска да ја враќаме правната држава. Секако прeсумцијата на невиност е нешто што сите треба да го почитуваме, но однапред да давате квлификации на правосудниот систем за некој дали има вина или не, дали нарачувал или не е срамота. Секој што се огрешил пред закон треба да одговара, а секој што е невин да биде ослободен“, изјави премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека е следен и е можно да биде уапсен.

Mинистерството за внатрешни работи претходно демантираше дека полициски службеници го следат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.

„Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чијшто претседател е Мицковски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства. МВР својата работа ја фокусира исклучиво кон сузбивање на сите облици на криминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање. Ја информираме јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР”, се вели во соопштението на полицијата.

поврзани објави

Последни објави