11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

И тој со свој став: Кирацовски со свое мислење за ситуацијата со химната и Тамара

Пратеникот Александар Кирацовски се стави во одбрана на пејачката Тамара Тодевска, откако ги откажа концертите по бурните реакции на јавноста за пропуштените стихови при изведувањето на македонската химна на прославата по повод Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје.

„Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа.

Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.

Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“.

– Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!
А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!“, напиша доскорешниот генерален секретар на СДСМ на својот профил на Фејсбук.

За Тамара…Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи…

Posted by Aleksandar Kiracovski on Friday, July 5, 2019

поврзани објави

Последни објави