На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа апсење на лице, за кое авторот на видеото, кое го пренесе ТВ 24, тврди дека е крадец кого го бркала полицијата во центарот на Скопје.
Откако арамијата украл чанта на жена кај Соборниот храм, се обидел да им избега на двајца полицајци во цивил, по што го забележала инспекторка која тргнала по него.
Тој влегол во Вардар, но не успеал да избега зошто по него влегла и полицајката по што го фатиле и го задржала од спротивната страна на кејот додека да дојдат колегите.