4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Рекорд на Алјаска – измерени неверојатни температури

Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град во Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени .

Највисоката температура во градот претходно била измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, вели Боб Клеј од Националната метеоролошка служба.

Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени. На три локации во Аљаска вчера се забележани рекордно високи температури, кои експертите ги припишуваат на климатските промени.

Во местата Кенај и Кинг Семон, температурите, исто така, го надминаа 30-от степен. Клеј објаснува дека рекордни температури се измерени поради високиот воздушен притисок врз поголемиот дел од Алјаска.

Експертот за клима во центарот на Фербенкс на Универзитетот во Алјаска, Рик Томан вели дека екстремните временски услови ќе бидат сè почести поради глобалното затоплување.

поврзани објави

Последни објави