Поранешниот директор на БЈБ и осуден за крвавиот четврток, Митко Чавков е преместен од затворот во Шутка, во затворот во Штип, потврди за ТВ 24 директорот на Управата за санкции, Јовица Стефановиќ.
Тој вели дека Чавков од затворот во Шуто Оризари најпрво бил преместен во Идризово, по негово барање, но веднаш потоа, поради безбедносни причини, без да прецизира какви, Чавков бил пренесен во затворот во Штип.
Тој е во притвор по пресудата за упадот на 27 април, со која беше осуден на 18 години. За да стане осудителната пресуда правосилна треба да се исцрпи правото на жалба, а Чавков се жалеше пред Апелација.
Извор: 24.мк