Драг Новак Ѓоковиќ твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.
Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех, стои во честитката на премиерот Зоран Заев.
Честитката на премиерот доаѓа по прекрасната изведба на најубавата македонска песна „македонско девојче“ од Новак Ѓоковиќ кој израдува многу македонци со својата изведба и прекрасните зборови за нашиот прекрасен македонски град Охрид.
„Ех, да сум сега крај Охридско езеро“, си посака Ѓоковиќ потенцирајќи ги сите убавини на нашиот најголем бисер, Охрид и барајќи да му се прати некоја фотографија од овој град.