2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Правило кое мора да го знаете: Колку месеци пред да ви истече пасошот може да патувате во странство

Сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на пасошот.

Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница.

Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.

Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет.

Не заборавајте – детските пасоши имаат пократок рок на траење.

поврзани објави

Последни објави