3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Рашковски открива како да дознаете дали тој лаже или не – еве што бара да направите

Откако во дел од медиумите се појави и нова бомба за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, тој преку Фејсбук само на кратко даде одговор за тоа како да се провери што всушност е вистина.

-Многу е едноставен одговорот на сите обвинувања. Јавете се во компанијата Леонардо и прашајте: Дали Генералниот секретар ви побарал материјална или друг вид на корист било кога?, напиша Рашковски на Фејсбук.

Многу е едноставен одговорот на сите обвинувања.Јавете се во компанијата Леонардо и прашајте: Дали Генералниот секретар ви побарал материјална или друг вид на корист било кога?

Posted by Dragi Raskovski on Saturday, July 6, 2019

Во меѓувреме за оваа ситуација се јави и премиерот Зоран Заев.

-Јас таму видов дека се спомнуваат некои записници, што само по себе потврдува што е суштината на самите состаноци, но дозволете ми да ги видам аргументите, да ги видам снимките. Јас внимателно ја следам јавноста за сите овие постапки. Секако стојам на ставовите дека, како што реков, не треба никој што добил задача, чест и одговорност да извршува јавна функција или да биде сервис на граѓаните да биде, на некој начин, боксерска вреќа, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Општина Штип со министерот за земјоделство Трајан Димковски и граодначалникот Благој Бочварски.

поврзани објави

Последни објави