Вистината за македонскиот идеолог и револуционер Гоце Делчев останува трн во око за бугарските челници. За шефицата на дипломатијата Захариева не спорно било дека за Бугаринот Делчев не треба да се разговара кому припаѓал. Тоа според неа било јасно, најважно е во преговорите било да се знае дека помагал за автономија на Македонија.
„Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија. Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува“, рече Захариева.
Во целата приказна околу бугарските убедувања за тоа чиј е Гоце политички поени добива и претседателот Пендаровски. Неговата изјава беше јавно пофалена од бугарскиот премиер Борисов, според кого тоа била вистината за заедничката историја.
Истото во интервју за „Поглед“ го истакна и европратеникот Ангел Џамбаски, кој доаѓа од партијата ВМРО БНД од Бугарија. Тој во интервју за „Поглед“ рече дека Гоце Делчев е камен-темелникот кој треба да не обединува, а не да не разединува, а дека тој лично и неговата организација на Македонија не гледаат како на северна и јужна, туку како братска држава.