Паника помеѓу капачите на познатата црногорска плажа Јаз, кај Будва. Капачите кренале паника, бидејќи помислиле дека во морето здогледале ајкула, но се испоставило дека станува збор за само една голема риба.
Во општата паника, во водата влегло едно локално момче, кое запливало кон „ајкулата“, и ја извадило големата риба иглун, вид на сабјарка. Како што објавуваат медиумите рибата на крајот била вратена во морето.
Posted by Nikola Mitrovic on Saturday, July 6, 2019
Снимките вознемирените капачи ги објавиле на друштвените мрежи.