13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Јоци до Груевски: Исто толку лајкови собираше и Стојанче Ангелов, виртуелниот свет е лажен, тебе најблиските соработници те напуштија одамна

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци со порака до Груевски: ,,Снимката на Рашко му ја расипа забавата на Никола Груевски. Ако. Тој сака да биде вест на денот. Секогаш, секаде. Но, ете – не може. Секако дека контролира уште медиуми и смета на партиски пуч одвнатре еден ден ,,кога ќе се врател”, но една работа заборава – народот одамна не го сака. Особено не неговото опкружение од соработници, кои го напуштија одамна и му откажаа послушност.

Не би да ризикуваат да се враќаат на ,,баци рака” кај човек кој во егзил прави црни листи, подготвува тефтери и спрема одмазди. Не е паметно. Простата математика вели дека на статусите на Груевски се ,,лепат” околу 4 отсто од неговите следачи, вкупно 220.000, од кои илјадници му се фанови од сеир.

Еве, нека бидат и плус 20 отсто кои потајно му ги одобруваат, тоа се околу 25 отсто или околу 50.000 луѓе кои уште во него гледаат некаков спасител. Тоа е отприлика, популацијата на една Општина Бутел.

Виртуелниот свет е лажен. Фејсбукот е добар за креирање на јавно мислење, но не може да се смета за мерило на нечиј рејтинг. Зошто? Бидејќи исто толку ,,лајкови” и ,,царе, најбољи си” собираше на времето и еден Стојанче Ангелов, а на протестите пред МРТВ доаѓаа едвај 30 луѓе кога самиот тој ќе повикаше народ против власта на Груевски. Толку и му доаѓаа на екс премиерот, пред суд, да го бранат.

Имаше една жена на плажа, додека се бањаше во море нешто му објаснуваше на мажот. Ја чув многу убаво кога рече – ,, никој не сака стари чевли”. Грујо, ти си стар чевел. Собирај си лајкови.

ФБ статус на новинарката Јорданка Ивановска Јоци – преземено од фејсбук

поврзани објави

Последни објави