Поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, уште додека автопатот Скопје – Штип бил во градба со владина одлука му дала име и одлуката излегла во службен весник, па со тоа е официјална и важечка. Името на автопатот е “Гоце Делчев”. Сепак владата на Зоран Заев на ниту едно место нема поставено табла со името на новиот автопат.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ име дала и на експресниот пат кој се уште е во градба од Градско до Прилеп и го именувале како експресен пат Методија Андонов Ченто. Премиерот Зоран Заев нема ништо против името на автопатот Миладиновци-Штип да остане „Гоце Делчев“. Оваа одлука е донесена од претходната власт уште кога почна изградбата на делницата и е објавена во Службен весник.Заев вчера рече дека не е запознаен со таквата одлука но оти ќе ја почитува.
Ако е така така ќе остане.Нема потреба од промена. Ако има завршено веќе процедури околу именувањето на патот одлично, изјави премиерот.
Гоце Делчев е еден од револуционерите за кој во последно време се зборува најмногу во Македонија и Бугарија. Имено, мешовитата комисија за историски прашања има различни ставови и мислења по однос на Делчев. За разлика од нив, има политичари како претседателот Стево Пендаровски кој отворено призна дека Гоце е Бугарин кој се борел за автономија на Македонија. На исто мислење е и бугарската министерка за надворешни работи, која рече дека Гоце е заеднички и тој може само да не обединува, а не да не разединува.