Објавата на 18-годишниот Британец Финли Броки на социјалните мрежи стана вирална ширум светот. Неговата мајка пред патувањето во Шпанија му напишала во порака неколку урнебесни правила, до кои мора да се придржува.
Објавата на 18-годишниот Британец Финли Броки на социјалните мрежи стана вирална ширум светот. Неговата мајка пред патувањето во Шпанија му напишала во порака неколку урнебесни правила, до кои мора да се придржува.
Конкретните правила, меѓу другото опфаќаат дека никако не смее да има тетоважа, освен ако е на задникот, на невидливо место. Исто така, никако не би требало да има секс без заштита.
Финли направил „скриншот“ од пораките па ги објавил на Твитер.
– Потсетувам дека утре одите на летување на Мајорка, па морам да ви дадам неколку совети, напишала неговат амајка Лиза пред да започне да набројува што се не смее да прави.
– Не пијте пред да дојдете на аеродром. Ако ве затектнат пијани, нема да ве пуштат во авионот. Сетете се како беше кога тргнавте на концертот на Еминем. Иако, на тоа веројато и не се сеќавате, пишува во првиот совет.
Вториот се однесува на пасошите.
– Не носете пасош кога ќе излезете ноќе за да не го изгубите. Во последните месец дека изгуби два привремени пасоши, клучеви, картички од банка, пари и паричник. Не можете да имате доверба во себе. Ако го изгубите пасошот, нема да ве пуштат дома, што не би било толку лошо за вас, но во тој момент ќе бидете без пари.
– Не заборавајте да јадете и не штедете на храна за да купите алкохол, вели Лиза, додека во четвротот правило им препорачува да се држат подалеку од забави на бродови и оние кои се во близина на базен, затоа што ако паднат во водата, можат да се простат од телефонот.
– Не се тетовирајте, а ако баш морате, направете тетоважа на задникот. Затоа кога во староста ќе жалите поради тоа, на тоа место нема секојдневно да ве потсетува дека ја имате, гласи едно од правилата.