14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

На Мијалков му здодеа од бранење: Ајде донесете пресуда и готово

Судењето за нелегалното децениско прислушување внесе нервоза во судница. Рочиштето за „Таргет – Тврдина“ на моменти течеше тензично. Обвинетиот Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК и еден од најмоќните личности во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, го испрашуваше сведокот предложен од СЈО, Сашо Трајковски. Мијалков поставуваше прашања, но беше не задоволен од одговорите на сведокот.

Дел од прашањата судот не му ги дозволи, но судиите Џанета Бектовиќ и Владимир Туфегџиќ сепак му даваа втора шанса и му помагаа на Мијалков за да ги преформулира прашањата.

„Која е логиката да се слушам сам себе“, запраша Мијалков.

Иако Мијалков праша, судот не дозволи сведокот да одговори. Тој им посочи на судиите дека е добро јавноста да слушне дали има логика сам себе си да се прислушува, но и најблиските. Беше нервозен и го праша судот дали смее да се брани:

„Кажете, ако не, да не се браниме, донесете пресуда и готово“, рече Мијалков.

поврзани објави

Последни објави