6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тезата на Кирац: Ципрас загуби, затоа ако во Македонија има избори – се знае кој ќе победи

Пратеникот Александар Кирацоски и порача на опозицијата да не се надева дека премиерот Зоран Заев и СДСМ ќе загубат на следните парламентарни извори само затоа што вчера Алексис Ципрас и Сириза ја загубија власта од Нова Демократија и Киријакос Мицотакис во Грција.

„Да ликуваш дека оној кој ни го признал македонскиот идентитет, јазикот, културата, токму затоа ги изгубил изборите во Р. Грција, во најмала рака, е политички некултурно. А да се надеваш, пак, дека тој кој ги отворил европските перспективи на нашата Македонија, сочувувајќи го нашето највредно, есенцијата на националниот идентитет (поради што неговиот колега, нели, ги загубил парламентарните избори во својата земја) ќе ги загуби следните избори е целосно контрадикторно и политички неуко….Спротивставеноста на страните при решавањето на спорот, резултира со обратна пропорционалност при исходот“, гласи коментарот на Кирацоски на Фејсбук.

Доскорешниот генерален секретар апудира на тоа дека во овој случај Македонија е поголем добитник од Грција со Спогодбата од Преспа, издејствувана од тандемот Заев – Ципрас, кој наедно е номиниран и за Нобелова награда за мир за оваа година.

поврзани објави

Последни објави