6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Елена Ристеска до сопругата на Миле Јанакиевски: Гушни ги дечињата, стиснете заби, се надевам дека сето ова ќе заврши

Македонската пејачка Елена Ристеска со поддршка на екс-министерот Миле Јанакиески кој се наоѓа во Шутка и веќе 9 ден пие само вода. Познатата пејачка со коментар на објавата на сопругата на Миле Јанакиевски изразува поддршка и вели дека била сведок на многу добрини на Миле Јанакиевски.

Што и да кажам нема да е посилно од ова што ти го напиша. Само ќе кажам како ваша пријателка со години а ова е и ставот на моето семејство, дека се што е напишано е ВИСТИНА! Сведок сум била на многу добрини на Миле, особено кон луѓе кои не ги познава. Јас таков човек досега не сум сретнала. Сочуствуваме со вас Сања. Затоа што не само Миле, туку и ти си златна душа. Политика ни јас не сакам, да можам да сум глува и слепа за политика би била најсреќна. Но, за жал гледам и слушам и се чудам што се случува. Гушни ги дечињата од мене, стиснете заби, ќе заврши сето ова и ќе бидете повторно среќно семејство, напиша Ристеска.

Долго време сакам да напишам нешто но знам дека секој ке го оцени тоа на свој начин од свој агол, веке се плашам од се дури и од тоа да кажам нешто гласно во што верувам. Некои ке ме осудат, некои ке ме охрабрат и ке сочуствуваат , а некои едностсвно ке поминат низ тоа без да оценуваат, оставајки времето да ја дефинира вистината. Миле го познавам речиси од дете и го знам најдобро од сите. Сме поминале многу. Пријателите ми викаат премногу, дури колку за два живота, а јас ке кажам премалку зашто за секој поминат ден му благодарам на Бог што сум го запознала. Се секавам на првиот бакнеж во Леоне, па до кавгата за тоа кој е подобар возач и дали лево е вистинското десно, сме се радувале, сме тагувале, сме сакале и ценеле, сме тажеле и гордееле. Знам дека на многу ова ке им звучи патетично, некои ке ме осудат и нема да го одобрат ова, но јас не знам што повеке и не знам како понатаму.

Многу се нашле во ваква или слична ситуација можеби и во потешка незнам, но не секој се одлучува да напише што се случува и како тоа го доживува.

Знам дека многумина имаат секакви предрасуди кон нас и кон мојот сопруг заради различни причини, дезинформации, шпекулации и трачеви што кај нас за жал веке се редовна храна која намерно се нуди, но исто знам дека ова што го пишувам го пишувам од срце и без задршка.
Ова е моето сведоштво за Миле кој јас го знам и причина за мојата лична борба за него. Ова што се случува на моето семејство не е правда. Секој што ке се обиде да проанализира подлабоко ке го свати тоа. Не само заради суштината на предметите отворени против Миле туку заради се што всушност се случува околу нас и генерално во државава.

Тој е добар човек со големо срце и секогаш сака да помогне дури и повеке од што може, вреден и исполнителен и она што ке го вети за него е света обврска, оние што го познаваат добро го знаат тоа. Другар и секогаш спремен да излезе во пресрет на било кој проблем било да е семеен, на блиски и не блиски луге. Семејството за него е се, секогаш спремен за изненадувања и организирање секакви лудории со трите сина, секогаш присутен за нив, како поткрепа, како утеха како другар.

И најтешкиот момент следи што да им се објасни и каже на нивното прашање кое денонокно го повторуваат: мамо, каде е тато, кога ке си дојде? Повторно ли ке биде отсутен долго како и минатиот пат? А ке може ли да возиме повторно заедно велосипеди и да одиме на кино? Ке може да излегува нели?

И да тој штрајкува со глад, веке цела една недела! Бегло беше соопштено ова како и да не е нешто многу важно, зарем не е? Борбата за правда да се води на овој начин , заради тоа што институциите на правдата немаат слух или намерно го изгубил?

Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото ‘’уапси го Миле” и што?! Се прашувам кај се милионите, не милијардите кои биле украдени?!

Миле го судат само за наводно прекршување на процедури, се друго што ке слушнете е гола пропаганда. Не барам милост! Јас барам правда. Стотици прекршувања на процедури, на правила, на човекови права, прават обвинителството и судот. Ова е изживување и ништо друго, напиша неговата сопруга Сања Јанакиевска на својот официјален фејсбук профил.

Секогаш спрема сите се однесувал со почит и емпатија, честопсти не им ги гледа лошите страни на лугето туку пробува да најде оправдување за некого ако погреши. Добриот човек секогаш го гледа доброто во лугето. Никогаш нема лошо кажано за никого. Едно е тоа што некој ке слушне од 10 одбрани и наменски определени телефонски разговори снимани во 10 години. Така ако се оценува некој дали е лош или добар човек секој за себе може да каже дека е лош.

А ако се гледа вистинската слика за некого преку цели денови, неговата работа, пријателство, родителство и однесување како сопруг но најмногу како човек, тогаш е нешто сосема друго. Едно е да те портретираат преку кампања, а друго е она што вистински си.

Се плашам дека ако се гледа од 10 тина или 50 тина телефонски разговори снимени во период кога се направени 100 милиони разговори тогаш јас ке кажам за себе дека јас сум лоша, јас знам да опцујам, знам да навредам, да се изнервирам да бидам гневна. Точно е. Некој ке каже ама тој бил функционер и не смеел да збори така, јас ке одговорам тој е само човек. Но верувајте ке повторам тој е добар човек. И секој што го познава лично ке потврди. Дури честопсти како што викаат излегува глуп од што е добар. Да. Грубо звучи но така е. За жал. Тој е едноставно човек. А сега тој човек е жртва на психолошка војна. Неправедна војна кон него бар. За други не знам и не можам да кажам. Верувајте на никого не го посакувам ова што нам ни се случува.

Знам дека вистината еден ден ке излезе на виделина но исто така можам да кажам дека не сум убедена дека Миле ке ја дочека здрав и читав.

Не се разбирам во политика . Не сум ја следела ниту ја сакам. Тоа е најпрљавата работа на свет според мене. Но политиката нема да се исчисти ако се изживуваш со Миле.

Колку и трагикомично да звучи ова. Секој знае за себе. Јас знам за Миле. И знам дека ова е неправда. Дека не е во ред.

Има уште многу да се кажува за Миле. Многу повеке од тоа дека нешто му текнало. Како што на сите нас ни текнува.

ФБ статус на Сања Јанакиевска

поврзани објави

Последни објави