-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) Можен судир на Балканот: Полицијата во БиХ се спречка со телохранителите на Ердоган

Во Сараево се случил инцидент меѓу граничната полиција на Босна и Херцеговина и телохранителите на турскиот претседател претседател Реџеп Таип Ердоган кој допатува во Сараево. Инцидентот се случил по самото слетување на авионот.

Боснаската граничната полиција потврдува дека дошло до ваков инцидент на сараевскиот аеродром и велат дека инцидентот бил толку сериозен што телохранителите на Ердоган требало да бидат уапсени.

Малку фалело да дојде до инцидент од поголеми размери откако припадниците на обезбедувањето на Ердоган посегнале по оружје и се противеле на процедурите на босанските гранични полицајци.

„Беа агресивни и се однесуваа како да се во својата држава, воопшто не почитувајќи ги нашите закони и правила. Дојде до буткање откако обезбедувањето на Ердоган одби да ја почитува процедурата за редовна контрола. Заслужија сите да бидат приведени“, изјави шефот на граничната полиција.

Турскиот претседател од сараевскиот аеродром се упати кон гробот на некогашниот претседател на претседателството на БиХ Алија Изедбеговиќ за да му оддаде почит.

поврзани објави

Последни објави