2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Христијан Мицкоски побара притвор за Катица Јанева

Во текот на вчерашниот ден целата јавност беше сведок на тоа како со Република Македонија управува криминален ганг, вистински криминален октопод чии пипци одат до врвот на власта, рече на денешната прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сме сведоци на афера чии корени одат многу подлабоко од тие две осомничени лица познати на јавноста кои што треба да бидат жртвени јагниња. Вчера граѓаните беа сведоци на втор криминален октопод на СДСМ предводен од Зоран Заев, но овој пат многу поголем, со изразена криминално, рекетарско, медиумска спрега на високи функционери на власта.  Овој втор криминален октопод е милје сочинето од неформален сопственик на медиум, обвинители чие дејание не може да биде возможно без поддршка од врвот на власта, каде имаме злоупотреба на медиум, тргување со правдата, финансиски интереси и политички мотиви. Нема човек, нема граѓанин кој верува дека сето ова е возможно без силна закрила, поктрепа и институционална поддршка од самата врхушка на власта. Затоа вчерашната панична акција е само театар да се спасат вистинските нарачатели на ваквиот криминал, да се заштити колку може извршителот Катица Јанева и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со земјава. Видовме со каква леснотија државава има премиер кој за 5 секунди влегува во договор за донација од 100 илјади евра за Вартоломеј, претходно го видовме на она видео како договара за она кај Мирчо Свињарникот по принципот евро за евро, а денес имаме случај каде во игра се милиони евра, зарем некој мисли дека врвот на власта не седи зад овој скандал? Но да одиме со ред отприлика пред 4 месеци отприлика јавно предупредив на криминалот на СЈО поддржан од врхушките на власт, и за фактот дека се злоупотребува за политички цели, изјави Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев, жестоко се спротивстави на ова и застана директно во одбрана на извршителот Катица Јанева и таа беше неговата црвена линија од која не отстапуваше на разговорите и нашите напори за вистинска реформа на обвинителството, истакна Мицскоски.

-Вчера и видовме зошто грчевито ја бранеше. Денот започна со задоцнета и нервозна прес конференција на која Заев повика на лидерска средба и приведување на двајца осомничени за рекет кои вршеле влијание преку СЈО и тамошните обвинители. Следеше и условена оставка на Катица Јанева, оставка која што всушност и не е оставка, со изговор да не била таа пречка за процесот на постигнување на договор за реформите во обвинителството. Но. вистинската причина за таквиот чекор, не е затоа што се работи за личност со високи морални и етички принципи, туку тоа е излезно сценарио за сомнежот дека е до гуша во криминал. А реков дека оставката која Катица Јанева вчера ја даде и не е оставка затоа што и денес Катица Јанева, обременета со такви сериозни скандали позади себе продолжува да биде шеф на компромитираното СЈО кое за ВМРО-ДПМНЕ е минато завршено време. Од Рускоска обвинителството на Катица Јанева и беше одземен само телефонот, без било какви дополнителни мерки, а совршено е јасно дека силата на двајцата обвинети е токму можноста за влијание преку СЈО и врските кои тие ги имаат со Катица Јанева и врските кои што тие ги имаат директно со врхушката на власт. Со други зборови, не е можно обвинетите да вршеле влијание без силата на компромитираното СЈО и врските кои што тие ги имаат со врхушката на власт. Неслучајно претходно реков дека вчерашниот ден беше само театар да се спасат вистинските нарачатели на криминалот, а тоа е така бидејќи вчера никаде ги немаше во обвинението фамозните Фрики и Кики кои заедно со првообвинетиот се говореше во одредени написи дека вршеле уцени, изнуди и влијанија. Мојот сомнеж, сомнежот на ВМРО ДПМНЕ е дека во сето ова се вклучени директно лица од самиот врхушка на власт, рече Мицскоски.

Затоа овде пред вас, пред македонската јавност и пред медиумите ќе поставам неколку прашања за кои што јавноста мора да го знае одговорот, а одговорот очекувам да го даде врхушката на власт, додаде Мицкоски.

-Дали е точно дека силата на Катица Јанева доаѓа токму од премиерот кој во една прилика охрабрувајќи и вели “Не се секирај се ќе биде во ред”, ќе повторам „Не се секирај се ќе биде во ред“? Дали е  точно дека при средба во домот на првообвинетиот заедно чест гостин е висок функционер од редот на СДСМ, во друштво со специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и во тој дом се договараат обвиненија и понатамошни постапувања по тие обвиненија? Дали е точно дека политичка заштита на пипците на овој октопод се високи функционери од врхушката на власт, од редот на СДСМ, во јавноста познати како севдонимот Фрики и Кики, а се со цел да обезбедат дополнителни финансиски и други бенефити за себе и за останатите кои што се денеска во притвор? Дали е вистина дека лично обвинителката Јанева ја има во разговорите со првообвинетиот кои се предмет на истрага? И на крај, дали е вистина и дека други лица, на начин како што сега се обвинети овие двајца, си завршиле работа со обвинители од СЈО и врхушката од власт за непокренување на обвинение. Апелирам, не случајно ги поставувам овие прашања и очекувам  во најскоро време одговори од власта. Компромитираното СЈО е завршена работа. А првиот чекор веднаш треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови за ваква мерка, можност за повторување на делото, затоа што Јанева и денес е првиот човек на ова компромитирано корумпирано СЈО, постои можност за бегство и можност за влијание врз сведоци, потенцираше Мицкоски.

Сето останато е само слабо и бледо алиби, истакна Мицкоски.

-Ваквото компромитирано СЈО е последица на корумпирана до гуша власт. И ако некој има дилеми зошто не добивме датум за отпочнување на преговори со Европската Унија ова лето еве го одговорот. Затоа што имаме криминален октопод кој владее со државата и тргува со правдата. Тоа што за бизнисмените е рекет, за политичарите е притисок. Затоа треба веднаш оставки и веднаш предвремени парламентарни избори. За на крај, гледам дека господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба во петок, а јас ќе одговорам дека не ја гледам, ќе повторам не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денеска и е потребно на Република Македонија датум кога ќе имаме предвремени парламентарни избори. А тоа е така затоа што и покрај оние стендап настапи во владата и покрај она себе храбрење кое што го кажува господинот Зоран Заев дека е подготвен да излезе секогаш на избори самиот тој е соочен со сопствениот страв од дебакл на такви избори, а потоа како што напишав во една колумна секој што си дробел тоа и ќе си срка. Ќе потсетам дека јас бев првиот кој го повика премиерот да соработуваме за датум за преговори со Европската Унија. Таа понуда траеше со денови, кој беше одговорот од  власта? Ја отфрли понудената рака и продолжи и одговор со прогонот. Одговори со прогон на сегашни актуелни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ но и со поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Како да имаме средба со така дијаметрално спротивни ставови. Ја користам оваа можност за да ве информирам дека работни групи составени од ВМРО-ДПМНЕ и работни групи кои што ги предложи СДСМ, веќе интензивно работат на Законот за Јавното обвинителство иако ставовите се дијаметрално спротивни, за дел од разликите говоревме една од црвените линии беше Катица Јанева, гледаме денеска веќе за нејзе не се дискутира. Изминатата недела работна група од ВМРО-ДПМНЕ  имаше состанок првичен со работна група од СДСМ и се разговараше за Пописот. Истовремени веќе подолго време високи претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разговараат за Изборниот законик. Моментално позициите се дијаметрално спротивни. Театар кој што би значел дополнително оддалечување од вистинските теми кој што сака да го подготви и преди на македонската јавност Зоран Заев, во овој момент за нас не е потребен, остануваме фокусирани на реформите, остануваме фокусирани на тоа што им е потребно на македонските граѓани и на тоа што и е потребно на Македонија. И сосема на крај, ќе кажам одбројани се деновите на власта. Да внимаваат што прават и да не влегуваат во непромислени чекори и постапки кои би можеле  дополнително ќе ја отежнат ситуацијата. Овој криминален октопод може да се реши само со смена на оваа власт а потоа постигнување на правда и враќање на правната држава. Заев смета дека треба да се заштити компромитираното Специјално јавно обвинителство а се со цел притисок врз политичките неистомисленици за нас тоа е минато завршено време.

Заев смета дека треба да имаме Попис со десетици пропусти и можност за злоупотреба, а ние сметаме дека треба да се следат Европските директиви за објективен попис, подвлече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави