-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поранешниот градоначалник на Кочани: Не сум дал 500. 000 евра, јас не можам да видам 5.000 евра во кеш а не па толку

Поранешниот градоначалник на Кочани и сопственик на печатницата „Европа 92” Ратко Димитровски демантира дека на на Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева им платил рекет од 500.000 евра.

-Никој ниту ми се јавувал, ниту сум се видел со Боки 13, ниту од мене барал нешто такво. Ниту пак сакам да се видам со таков човек. Мојата компанија нема ни маркетинг во 1 ТВ, никаква соработка не сме имале, така што ова е дезинформација. 500.000 евра се огромна сума за мене. Не можам да видам 5.000 евра во кеш, не па толку, изјавил Димитриовски за „Лидер“.

Повеќе вести: Жбогар за оставката на Јанева

Клучните области во кои Брисел сака да види напредок до есен ако сакаме зелено светло за старт на преговори во октомври се реформи во судството, владеење на правото, борба со криминалот и корупцијата, рече евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар и порача дека нема ние да влеземе во ЕУ, туку треба да ја примиме Унијата во нашиот дом.

Решението за датум треба допрва да се случи, но земјава веќе го почна патот кон ЕУ со објаснувачкиот скрининг, а тоа ќе го скрати времето кога ќе почнат преговорите за членство. Неопходно е да продолжите со испорачувањето на реформи, а најклучни се владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Имаше одлучувачки чекори од страна на јавното обвинителство неодамна. Ние ги поддржуваме нивните активности и истовремено подеднакво го очекуваме решението за функционирање на канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство во иднина. Со вчерашната оставка на Јанева се стави дополнителен притисок и одговорност врз политичките лидери и врз парламентот да најдат решение, рече евроамбасадорот.

поврзани објави

Последни објави