Обвинителството за организиран криминал и корупција деновиве има покренато истрага во која кривично гони двајца осомничени затоа што рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на обвинителството. Пред и официјално да се запознае јавноста со овој случај, за овие случувања пишуваше новинарот Бранко Героски, кој подолго време пишуваше за како што вели, „рекетарска банда“ која рекетирала познати бизнисмени.
Во истрагата одземен е телефонот на еден јавен обвинител, а двајца осомничени веќе добија 30-дневен притвор.
Новинарот Бранко Героски кој како што вели, војна водел со овие рекетари на социјалните мрежи за што доби и многубројни навреди, на својот ФБ профил објави постаро видео од Бојан Јовановски познат како Боки 13, кое претходно е споделено на ФБ страницата „Сеир“. Погледнете го видеото во продолжение и линкот од објавата на Героски ОВДЕ
Боки 13: Нек ми ставее окоовееее, нека ме заробеее.мп3 🔈
Боки 13: Нек ми ставее окоовееее, нека ме заробеее.мп3 🔈
Posted by Seir on Tuesday, July 16, 2019