Пред само 2 дена, на ЕРАЗМУС + социјалните мрежи излезе извештајот на ЕВРОСТУДЕНТ за социо-економските услови на студентите и студентскиот живот од 2016-2018 низ цела Европа (Social and Economic Conditions of Student Life in Europe).
ЕВРОСТУДЕНТ (Eurostudent https://www.eurostudent.eu/) е организациска мрежа преку ЕРАЗМУС + програмата која во себе содржи групи на истражувачи, аналитички центри, работници со дата бази, претставници од националните министерства како и многу други организации кои имаат за цел заедничко учество во истражувањето за условите на студентите во Европа односно социо-економските услови во секој држава. Нажалост, надлежните институции од таканаречената „влада на Европска Македонија“ уште еднаш потфрлија во својата европска агенда и Македонија нема свое учество во овој и те како значаен проект.
Македонските конзервативци кои во својата групација имаат и млади студентски структури (наскоро и официјален дел од најголемата студентска политичка мрежа, Students for Liberty), ја осудуваат оваа грешка на надлежните институции во Министерството за образование и наука како и надлежните студентски организации кои сметаме дека треба да бидат дел од овој значаен проект.
Линк до извештајот: EUROSTUDENT – Social and Economic Conditions of Student Life in Europe 2016 – 2018 ОВДЕ