Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров својата кариера речиси сигурно ќе ја продолжи во Франција, откако на крајот од оваа сезона му истекува договорот со Барселона.
Јуре Доленец од Монпелје потпиша договор со Барселона на пет години, што автоматски значи и дека „каталонците“ за следната сезона нема да сметаат на услугите на нашиот капитен.
Половина од тимовите во Франција го посакуваат Лазаров во своите редови, а големи фаворити се Нант и Шамбери, каде тренер е Ивица Обрван, поранешниот селектор на репрезентацијата.
Покрај овие два тима, желба за Лазаров има и Сент Рафаел, како и повеќе мали тимови, кои сепак не се на ниво на нашиот капитен, кој и во следната сезона сака да биде дел од Лигата на Шампионите.