Според информациите со кои располагаме поранешниот премиер Груевски се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер и негов последен поддржувач Виктор Орбан. Вака водителот на информативното издание на 1ТВ ги почнуваше вестите на телевизијата по бегството на екс премиерот Никола Груевски.
Како што веќе најави Александар ние се наоѓаме пред луксузниот хотел во кој Никола Груевски ја поминал првата ноќ во овој град. По пристигнувањето во Будимпешта тој бил сместен во еден од најлуксузните хотели на локацијата каде што сега се наоѓаме. Ние имаме информации за статусот и барањата на екс премиерот Груевски. Според нашите информации Виктор Орбан го штити Никола Груевски токму по барање на Русија. Сите анализи и пишувања велат дека Орбан бира дали ќе се сврти кон Русија или ќе го задржи европскиот курс. Вака по најавата на водителот на информативното издание, известуваше неговата колешка од 1ТВ која за бегството на екс премиерот известуваше директно од Будимпешта.
1ТВ имаше директно вклучување од Будимпешта, а телевизијата со бомбастични наслови какви што се: Трагата на Груевски води до вилата на Орбан се обидуваше да го привлече вниманието на гледачите.
Во овие доцни или рани утрински часови, добровечер или доброутро сеедно, повелете и кажете го вашето мислење за бегството на Никола Груевски. Вака водителот на емисијата на 1ТВ го водеше отвореното студио, во кое граѓаните можеа да се јават во телевизијата која доцна во ноќта имаше емисија за екс премиерот Никола Груевски.