Шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, боледува во својата Гевгелија, објави „Слободен печат“, со што за прв пат се открива нејзината локација по избивањето на аферата „Рекет“, нејзината оставка и тоа што нема ниту една своја изјава како коментар, по што се јавија низа гласини.
Единствено е потврдено дека Јанева е на боледување од 16 јули, а од матичниот лекар и се препорачани медикаменти и одмор.
Интересно е тоа што докторката која и го препишала боледувањето заминала на одмор во Бугарија.
Јанева не е осомничена во случајот „Рекет“, но одземен и е мобилниот телефон.
Извор: Слободен Печат