Новинарот Зоран Божиновски познат како Буревесник често знае да има скандалозни тврдења во врска со политиката, но исто така и многупати бил право за своите објави.
Па така, денес како гром од ведро небо доаѓа неговата изјава односно натпис дека Зоран Заев ја спремил својата оставка и наскоро ќе се повлече од политиката.
-Заев спремил меотповиклива оставка… Чека момент да ја поднесе и да се тргне од политиката, – стои во објавата на Буревесник.
Дали ова е за верување или не и истото е реално, останува да видиме во следниот период. Премиерот Заев најави дека избори ќе има во 2020 година и дотогаш воопшто не планира да се откаже од своите залагања – влез на Македонија во ЕУ и НАТО.