Изјавите на Премиерот Зоран Заев дадени во интервју за грчката телевизија „Алфа“, дека Македонците присвојувале туѓе историја денеска се главна тема во македонските, но и балканските медиуми. Заев изјави дека македонците (преку политичарите, преземале „светска, балканска и туѓа историја како своја).
За изјавата на премиерот се огласи и новинарот Бранко Героски кој во изминатиов период е доста актуелен по неговите пишувања за рекетирање на бизнисмени од страна на сопственик на медиум во државата.
Е јеби га, друже Заев. Читав дека пред некој ден во кабинетот сте правеле стандарди и некаков ред. Што е паметно. Ама во тој ред спаѓа и обврската сериозно да си го средиш вордингот. Најди со посмен и пристоен спич-врајтер, човек што може да ти помогне. Да не бидам погрешно разбран, јас не сум заинтересиран. Ама има паметни помлади дечки што можат да ти помогнат. Оти вака на го личи.
Изјавата на премиерот Заев ја пренесоа и српските медиуми со наслов: „Заев призна – Македонците присвојувале туѓа историја“.