1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Јанева се извини на јавноста за нејзиното отсуство: Не само Бојан Јовановски, но и многу други го злоупотребиле моето име за различни цели

Од моментот на мојот избор за СЈО, мојата професионална биографија е цел на различни обвинувања за дневно политики препукувања на партиите. Се нафатив на функцијата целосно свесна дека ќе бидам цел на напади за моја лична дискредитација. Повикот да се служи на државата е голема одговорност, го разбирам и почитувам интересот на јавноста за случаот „Рекет“, носител сум на јавна и одговорна функција затоа дозволете да ви се извинам што подолг период не бев присутна во јавноста со моја изјава.

Во врска со наводите, индициите или неофицијалните информации за моја вмешаност во случајот „Рекет“, најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно не сум ја злоупотребила должноста која во моментов се уште ја извршувам. Да, точно е дека јас како и многу друга лица кои во моментов се на различни држави функции се познаваме со лицето Бојан Јовановски, никогаш не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека поради тоа на дневна основа комуницира со лицето.

Очекувам низ транспарентна судска постапка да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидува да и наштети на мојата чест и углед. Не само лицето Б.Ј но и многу други го злоупотребуваат моето име за различни цели. Ја депонирав оставката за да бидам пример на сите останати, не само да не дозволам да бидам користена за нечие алиби, туку и покажувам висока професионална свест а со тоа потврдувам дека не можам да влијаам врз случајот „Рекет“.

СЈО е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција, ова СЈО ќе остане симбол на беспоштедна битка со највисоките форми на криминал.

Се заблагодарувам на сите граѓани и медиуми што ни помогнаа да работиме одговорно и во интерес на нашата земја. Ова во своето денешно обраќање го кажа специјалната обвинителка Катица Јанева која веднаш по завршувањето на пресот ја напушти салата и не одговори на новинарските прашања.

поврзани објави

Последни објави