Порталот А1он.мк од извори во истрагата дознава дека вториот телефон на специјалната јавна обвинителка е пронајден кај девојката на синот на Катица Јанева. (целиот текст прочитајте го ОВДЕ)
Јавна обвинителка Вилма Русковска во интервју пак рече дека синот на Јанева рекол дека вториот телефон и бил изгубен во Белград. Пред половина час специјалната јавна обвинителка се обрати пред јавноста откако 7 дена беше недостапна за медиумите. Денеска таа за прв пат после седум се појави во просториите на СЈО.
Во врска со наводите, индициите или неофицијалните информации за моја вмешаност во случајот „Рекет“, најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно не сум ја злоупотребила должноста која во моментов се уште ја извршувам. Да, точно е дека јас како и многу друга лица кои во моментов се на различни држави функции се познаваме со лицето Бојан Јовановски, никогаш не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека поради тоа на дневна основа комуницира со лицето.
Очекувам низ транспарентна судска постапка да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидува да и наштети на мојата чест и углед. Не само лицето Б.Ј но и многу други го злоупотребуваат моето име за различни цели. Ја депонирав оставката за да бидам пример на сите останати, не само да не дозволам да бидам користена за нечие алиби, туку и покажувам висока професионална свест а со тоа потврдувам дека не можам да влијаам врз случајот „Рекет“, рече Јанева на денешната пресконференција.