Патниот правец А3 Кочани – Делчево кај Истибања – брана Калиманци км. 259+300 е отворен за сообраќај по една коловозна лента.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ: Ј.П. Македонија пат известува дека патниот правец с.Истибања – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.
1. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница –Бигла – Делчево
2. За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево