Полицијата во 2.30 часот ноќеска уапсила 12 женски лица на возраст од 20- 40 години од Србија, Албанија и Бугарија.
Ноќеска во 02:30часот при акциска контрола во угостителски објект лоциран во близина на автопатот Тетово-Скопје од страна на полициски службеници од Тетово лишени од слобода се 12 женски лица на возаст од 20 до 40 години од Србија, Албанија, Бугарија.
Лицата се приведени во Полициската станица во Тетово по што ќе бидат предадени во Отсек за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка, се наведува во соопштението на МВР.