Голем број граѓани вечерва се враќаат од викендот во Охрид. Во моментот има застој поради колона од Маврово до наплатната рампа Гостивар.
Од АМСМ информираа дека Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затварање на сообраќајот од ден 29.07.2019 год. (понеделник) до 31.07.2019 год. (среда) во времетраење од 09:00ч. до 18:00ч.
Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затварање на сообраќајот од ден 29.07.2019 год. (понеделник) до 31.07.2019 год. (среда) во времетраење од 09:00ч. до 18:00ч.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.